Шампионот на Вимблдон, Јаник Синер, останува прв со 13.450 поени и на најновата АТП листа објавена денеска, додека Александар Зверев сега е втор играч на планетата.
Зверев, финалист на Вимблдон, го престигна Карлос Алкараз, има 8.480 поени, точно 320 повеќе од Шпанецот.
Новак Ѓоковиќ напредуваше за една позиција и сега е седми со 3.760 поени.
Феликс Оже-Алијасим е четврти, Алекс де Мајнор петти, Бен Шелтон шести, Данил Медведев осми, а Флавио Коболи е деветтиот тенисер на планетата, што е неговиот најдобар пласман во кариерата.
Тејлор Фриц падна за три позиции и е последен член на Топ 10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
