Најдобрата германска тенисеркаа, 23-годишната Ева Лис ги доживува најуспешните денови во својата кариера. Со својата игра, таа се проби меѓу првите четириесет во светот и го потврди својот талент со настапи на најголемите турнири.
Но, нејзиниот успех доаѓа испратен и со мрачната страна на нејзината популарност – соочувајќи се со онлајн закани со смрт и следење во реалниот живот, главно од фрустрирани обложувачи.
Навреди и закани од обложувачи
Лис постојано јавно истакнува дека луѓето кои се обложуваат на тениски натпревари се главниот извор на омразата со која се соочува. Навредите се гнасни, а заканите одат во крајности.
„Пораките се движат од ѓубре и навреди за вашиот изглед до уште полоши работи. Имаше закани со смрт, а некои пишуваа дека сакаат да ме нападнат. Тоа е сосема болно. Нема ништо што не сум прочитала. Омразата доаѓа по секој натпревар, би можела да пишувам книги за тоа“, откри Лис, додавајќи дека и се заканиле со силување, споменувајќи ја неа и нејзината мајка.
Многумина и испраќаат пораки во кои ги наведуваат износите што ги изгубиле во обложувалницата и ја молат да им ги врати парите.
Иако експертите за односи со јавноста ја советуваа да ги игнорира нападите, таа одлучи јавно да проговори.
„Долго време криев. Ако не зборувате за тоа, ништо нема да се промени. По секој пораз, добивам илјадници директни пораки на омраза“, рече Лис.
Следење на турнири
Проблемот се прелеа од интернет во реалниот свет. Младата спортистка се соочи со ситуации каде што опсесивните навивачи ја следеа на турнири.
„Неодамна, морав да се справам со следачи кои успеваа да ги добијат адресите на местата каде што тренирам, хотелите, па дури и моите броеви на соби. Тие очигледно беа опседнати со мене. Тоа ги премина сите можни граници“, рече таа во едно интервју.
Поради овие искуства, во соработка со Организацијата за женска тенис (ВТА), таа работи на спроведување на нови безбедносни мерки за да се заштити себеси и своето семејство.
View this post on Instagram
Проблемот со безбедноста во женскиот тенис
Нејзиниот случај не е единствениот. Безбедноста на играчите стана сериозен проблем во женскиот тенис. Ема Радукану се расплака на натпреварот во Дубаи откако виде маж на трибините кој ја следел со денови. Ига Швјонтек беше вербално навредувана на тренинг во Мајами, а Јулија Путинцева на Вимблдон го прекина натпреварот сè додека гледач за кого се плашеше дека има нож не беше отстранет од трибините.
Еден поранешен функционер на ВТА објасни зошто ситуацијата станала толку ризична. Според него, женскиот тенис претставува комбинација од фактори што привлекува опасни поединци. Природата на индивидуалните спортови, раниот влез на млади девојки во професионалните води, нивната привлечност и постојаното медиумско изложување создаваат средина што привлекува следачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
