Атракција на Диало: Го прескокна Шекил О’Нил и победи на натпреварот во забивање… (ВИДЕО)

Натпреварот во забивање на НБА Ол-стар викендот како по обичај привлече и тоа како големо внимание. Во натпреварувањето во кое учествуваа Џон Колинс (Атланта), Мајлс Бриџес (Шарлот), Денис Смит Џеј-ар (Њујорк) и Хамиду Диало (Оклахома), на крајот победи Диало.

Уште во првата серија Диало покажа дека ќе биде главен фаворит за победа во овој натпревар откако доби 48 поени од судии, наспротив Џон Колинс кој доби 40 поени.

Но, главната атракција Хамиду Диало ја изведе во втората серија кога го прескокна легендарниот Шекил О’Нил и заврши со рацете длабоко во обрачот па со 50 поени се најде на врвот.

На крајот Смит и Диало обезбедија финале. Кошаркарот на Њујорк никс долго се обидуваше атрактивно да забие. Го доби на помош и Двејн Вејд, и на крајот успеа некако да забие преку него. Но, Диало возврати со лесно забивање добивајќи доволен број поени за победа.

Се вчитува...