АЦБ-лигата со рекорден број претставници на Евробаскет 2017

Со рекордни 45 кошаркари, АЦБ шпанската кошаркарска лига ќе има најмногу претставници на своите репрезентации за претсојниот Евробаскет 2017. Дури 17 клубови од можни 18, ќе имаат свои играчи кои ќе претставуваат 18 од вкупните 24 репрезентации на турнирот.

Шпанската лига и натаму продолжува да биде лигата со најмногу претставници на едно Европско првенство во кошарка,  како што беше и на претходните првенства: во Шведска 2003 (21 кошаркар), Белград 2005 (27 кошаркари), Шпанија 2007 (34 кошаркари), Полска 2009 (30 кошаркари), Литванија 2011 (31 кошаркар), Словенија 2013 ( 35 кошаркари), како и на последниот Евробаскет одржан во четири земји (31 кошаркар).

Единствените репрезентации кои немаат кошаркари во АЦБ-лигата се Грција, Италија, Чешка, Романија, Турција и Русија. НБА е втората лига која има најмногу претставници за претстојниот Евробаскет, со вкупна бројка од 32 кошаркари.

evrobasketACBliga evrobasketACBliga2  

Се вчитува...