Со триумфот над Шкендија и тоа како гостин, екипата на Тиквеш покажа дека оваа сезона има амбиција да се пласира во горниот дел на табелата.
Кавадаречкиот состав нема пораз на последните четири натпревари, со скор од три ремија и една победа. На последниот натпревар, Тиквеш одигра нерешено против Струга, претходно го совлада тимот на Шкендија, а остана непоразен и во дуелот против Вардар.
Тоа им дава надеж на кавадарчани дека и против Силекс може да дојдат до нови победи, и да ја продолжат позитивната серија.
„Сакаме да ја продолжиме серијата на добри резултати која ја имаме на последните натпревари. Силекс е одлична екипа, и покрај тоа што резултатите на последните натпревари не кажуваат така. Сепак, влегуваме со максимален респект во натпреварот и само со максимален пристап ќе можеме да дојдеме до позитивен резултат. Кратово е секогаш незгодно гостување, но оптимисти сме дека можеме да дојдеме до бодови“, изјави Кристијан Ацковски.
Натпреварот меѓу Силекс и Тиквеш во Кратово се игра со почеток од 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
