Ауди најиновативен бренд на „Automotive Innovations Award 2017“

Втор пат по ред, Ауди триумфира на „Automotive innovations“ наградите за автомобилски иновации во категоријата производител премиум автомобили. Со тоа брендот со четири прстени уште еднаш ја покажа својата флексибилност и иновативна сила во најважните сегменти како што се аеродинамиката, лесната конструкција, поврзувањето и самостојно управување.

„Со вкупно 84 нови подобрувања во период на тестирањето, Ауди покажа најмногу иновации во однос на останатите автомобилски производители и затоа е прогласен за најиновативен бренд.” наведе жирито во своето образложение на одлуката. Четири бласти беа вклучени во евалуацијата: автомобилските системи за возење, автономно возење и безбедност, концепт возило, каросерија и поврзување. Покрај тоа, Ауди освои   две дополнителни награди за најиновативен бренд во последните две одделни категории.

„Овие награди покажуваат дека нудиме производи водени од технологијата која им користи на нашите клиенти, особено кога станува збор за прашања поврзани со иновациите во автомобилската индустрија”, изјави Руперт Штадлер, претседател на управниот одбор во АУДИ АГ, на церемонијата за доделување на наградите во Франкфурт и додаде: „Особено во аеродинамиката, лесна конструкција, поврзувањето и системите за помош на возачот, ние сме пред останатите и работиме напорно да ја задржиме нашата конкурентна предност.”

Наградите за иновации во автомобилската индустрија беа доделени по петти пат. Со овие награди им се оддава признание на најиновативните производители и добавувачи. Во конкуренција за наградата влегоа над 1.162 иновации од 19 автомобилски производители и 60 брендови.

комерцијален текст

Се вчитува...