Фудбалерите на Аугсбург имаат одличен старт на сезоната во Бундеслигата, две победи во првите две кола и лидерска позиција на табелата.
Тимот од Баварија денеска како гостин славеше со 4:1 во дуелот со Ајнтрахт и дојде до шестиот бод и благодарение на гол-разликата од 7:1 и лидер на табелата пред Фрајбург.
Eintracht Frankfurt 1-0 Augsburg – Jonathan Burkardt 6′
by
u/4gjdtokurwa in
soccer
Домашниот тим поведе на стартот од мечот, Буркарт во шестата минута ги отвори резултатот, но тоа беше се што стори.
Eintracht Frankfurt 1-[1] Augsburg – Arijon Ibrahimović 46′
by
u/4gjdtokurwa in
soccer
Аугсбург пресвртот го направи во вториот дел, за две минути во 46-та и 47-та минута постигна два гола. Прво Баум си даде автогол, потоа Фелхауер погоди за 1:2.
Eintracht Frankfurt 1-[1] Augsburg – Arijon Ibrahimović 46′
by
u/4gjdtokurwa in
soccer
Во 65-та минута Клод-Морис го зголеми водството на Аугсбург, а конечниот резултат го постави Ридер во 89-та минута.
Во следното коло, Аугсбург ќе игра против Баер Леверкузен, додека ќе му гостува на Мајнц, кој пак е единствен тим без примен гол во првите две кола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
