Аутопсијата ги откри причините за смртта на Коби Брајант: Катастрофални повреди на мозокот, изгореници, скршени коски

Четири месеци по страшната трагедија, хеликоптерската несреќа во која загинаа кошаркарскиот идол Коби Брајант (41) и неговата ќерка Џана, комплетирана е аутопсијата која официјално ги утврди причината за смртта. Според извештајот за обдукција на коронерот во Лос Анџелес, поранешната НБА ѕвезда се здобила со сериозни повреди во внатрешните органи веднаш по ударот на хеликоптерот на земјата. Утврдени се катастрофални повреди на мозокот и 30% изгореници на телото.

Суровиот извештај за секоја жртва детално ги наведува уништувачките ефекти од несреќата, како што се скршени коски или раздвоени делови од телото. Покрај тоа, во изгорените остатоци од пронајдената облека имало мирис на бензин.

„Сите жртви беа убиени од силна траума. Патници биле речиси сигурно мртви во моментот на ударот“, открива дел од извештајот на аутопсијата.

Пилотот бил негативен на алкохол и на опојни дроги.

Се вчитува...