АВ Охрид официјално ги промовираше засилувањата за новата сезона (ФОТО)

Подготвувајќи се максимално сериозно за новата сезона, АВ Охрид предводен од новиот стратег Марјан Илиевски и официјално ги промовираше засилувањата со кои охриѓани во иднина треба да играат повеќе од значајна улога на домашната кошаркарска сцена.

Уште едно засилување во низата е Игор Пенов кој потпиша едногодишен договор со КК АВ Охрид. Пенов во Охрид доаѓа заедно со соиграчот од Куманово, Адем Мекиќ кој исто така потпиша за охриѓани.

АВ Охрид официјално ги промовираше и Марјан Младеновиќ и Војче Лефкоски кои доаѓаат од редовите на Блокотехна, од каде е и трансферот на Данило Мијатовиќ. И тројцата изминатава сезона соработуваа со тренерот Илиевски во Блокотехна, па сега во пакет се селат во Охрид.

Се вчитува...