Авионска компанија го „трола“ Левандовски

Барселона втора година по ред заврши со Лигата на шампионите веќе во групната фаза. Во групата во која беше сместена со Баерн, Интер и Викторија Плзен заврши како третопласирана на табелата, а таму ќе остане и по последното коло. Тоа значи преселба во Лигата на Европа.

Еден од играчите од кои Барселона многу очекуваше беше Роберт Левандовски. Полјакот добро си ја работи работата, но Барселона не ги бележи резултатите кои се очекуваат од неа во Лигата на шампионите.

Полјакот пред почетокот на сезоната Левандовски од Баерн се пресели во Барселона, а сега се најде на „тапет“ кај авиокомпанијата „Рајанер“. Баерн во ЛШ го совлада тимот на Барселона на „Ноу Камп“ со 3-0, во меч во кој Барса не упати ниту еден шут кон голот. Воедно, тоа беше шеста победа по ред на Баерн против Барселона со гол разлика 22-4.

Поради тоа Рајанер на „Твитер“ објави билет со името на Роберт Левандовски од Барселона до Минхен. За Баер Левандовски одигра 375 меча во кои постигна 344 гола и 72 асисенции и ја освои Лигата на шампионите.

Се вчитува...