Аврамовиќ го напушти Дубаи, оди кај легендарниот Саша Ѓорѓевиќ

Српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ го смени клубот и ќе ја продолжи кариерата во турски Бахчешехир.

Искусниот плејмејкер се раздели со Дубаи по само една сезона и се согласи на соработка со амбициозен турски клуб, кој исто така ќе има високи цели во домашното првенство и Еврокупот следната сезона.

Аврамовиќ пристигна во Дубаи како едно од најголемите засилувања на новоформираниот клуб, а со своето искуство и енергија беше еден од најважните играчи на тимот во дебитантската сезона.

По разделбата со клубот од ОАЕ, српскиот репрезентативец одлучи да ја прифати понудата на Бахчешехир, кого го предводи поранешниот селектор на Србија, легендарниот Александар Ѓорѓевиќ.

За Аврамовиќ ова ќе биде нов предизвик во неговата богата меѓународна кариера, по настапите за Борац Чачак, Варезе, Уникаха, Естудијантес, Партизан и Дубаи.

Со овој трансфер, Бахчешехир доби големо засилување на позицијата организатор на играта, додека Аврамовиќ ќе се обиде да продолжи со игрите кои во претходните години го рангираа меѓу најдобрите европски дефанзивци.

Се вчитува...