Аврамовски асистираше за победа на Олимпија, Кире Ристевски преку Барди до полуфинале во Купот на Унгарија

Во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Словенија, Олимпија Љубљана со пресврт славеше против Марибор со 2-1.

На дуелот кој се играше во Љубљана, асистент на победничкиот погодок за Олимпија беше македонскиот младински репрезентативец, Даниел Аврамовски.

* Асистенцијата на Даниел Аврамовски може да ја погледнете на временскиот исечок – 2:15…

Кире Ристевски, пак, успеа со Вашаш да се пласираат во полуфиналето од Купот на Унгарија елиминирајќи го Ујпешт на Енис Барди и Виктор Ангелов.

На реванш пресметката Ујпешт на гостински терен славеше со 0-1, но поради претходната гостинска победа на Вашаш од 2-1, со гол на гости, тимот на Ристевски продолжува во полуфиналето. На вчерашниот натпревар Кире Ристевски и Енис Барди го одиграа целиот натпревар за своите тимови, додека Виктор Ангелов не се најде во составот на Ујпешт.

Се вчитува...