Аврамовски и Дробаров предвреме се разделуваат со Сараево

Македонскиот интернационалец Влатко Дробаров по само пет месеци се раздели со босанскиот прволигаш Сараево. Наредниве денови официјално заминување од клубот се најавува и за поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски.

Дробаров беше донесен како големо засилување на тимот, а заминува по само пет месеци иако потпиша едногодишен договор.

Дробаров претходно во својата кариера има настапи и за Беласица, Тетекс, Вардар, Скопје и Напредок на домашната сцена, како и за ерменски Банантс, кипарски Арис Лимасол, како и Оход во Саудиска Арабија, и клубови во Мексико и Индија.

Босанските медиуми објавуваат дека наредниве денови официјална разделба ќе има и со поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски.

Се вчитува...