Аврамовски си замина од Сиваспор, можно ли е враќање во Македонија!?

Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски се раздели со турскиот второлигаш Сиваспор.

И покрај тоа што беше еден од најдобрите фудбалери на турскиот тим изминатава сезона, Аврамовски и Сиваспор ја прекинаа соработката.

Според одредени информации можно е враќање на Аврамовски на домашната фудбалска сцена. Тој во кариерата во домашниот шампионат беше дел од екипите на Македонија ЃП, Работнички, но и Вардар со кого во сезоната 2019/20 како најдобар стрелец ја освои шампионската титула.

За неговите услуги, како што дознаваме, токму е заинтересиран Вардар, но и тетовска Шкендија која за следната сезона планира максимално амбициозен проект.

Се вчитува...