Аврамовски заработи сериозна повреда – загриженост во Војводина!

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски заработи сериозна повреда, според пишувањата на српските медиуми, на тест дуелот на Војводина против Слован Братислава.

На мечот игран во турски Белек, Слован победил со 0-2, но за стратегот на Војводина, Илија Столица сепак најтажен момент од мечот е повредата на Аврамовски која ја добил уште во првото полувреме.

„За мена најтежок впечаток од мечот е повредата на Аврамовски која веројатно ја доби поради лошиот терен за игра и несоодветното судење. Не се работи за наивна повреда според првите впечатоци, но се надевам дека неговото опоравување нема да трае долго“ – истакна по мечот Столица.

Аврамовски во Војводина дојде на почетокот од сезоната од редовите на словенечка Олимпија Љубљана. Претходно, во српскиот шампионат беше дел и од белградска Црвена Звезда.

Се вчитува...