Австралија го сака Манчини за селектор на СП

Фудбалската федерација на Автстралија испрати понуда за тренерот на Зенит, Роберто Манчини да биде селектор на репрезентацијата за време на Светското првенство во Русија. „Кенгурите“ останаа без селектор откако Анже Постечоглу во номеври ја напушти функцијата по обезбедениот пласман на мундијалот преку бараж.

Манчини од почетокот на оваа сезона е предводник на рускиот гигант, но веќе неколку пати изрази желба да биде селектор на Италија, а сега добива можност за прв пат да се појави на СП како селектор на една репрезентација – учесничка.

Понудата од австралиската федерација е јасна, Манчини да ги преводи „кенгурите“ во групната фаза, и евентуално ако се изборат за нокаут натпревари.

 

Се вчитува...