Австралија му одговори на Ѓоковиќ: Новак не е затвореник, може да си замине кога ќе посака!

Австралиските власти му одговорија на семејството на Новак Ѓоковиќ, кое во неколку наврати во изминатите 24 часа бараше помош истакнувајќи дека најдобриот светски тенисер е држен како затворен во имиграциски хотел во Мелбурн.

Дражвната секретарка на Австралија, Карен Ендрјуз, порача дека српскиот тенисер може да си замине кога и да посака и дека воопшто не е точно дека е држен како затвореник.

„Господин Ѓоковиќ не е ззатвореник во Австралија бидејќи може да си замине кога и да посака. Лицата од полицијата ќе му помогнат тоа што поскоро да се реализира, ако тој побара такво нешто“, изјави Ендрјуз за австралиската телевизија АБЦ.

Србинот пристигна во Мелбурн со приватен авион и може веднаш на ист начин да се врати назад во Европа. Сепак, Ѓоковиќ останува на ставот дека не сторил ништо лошо бидејќи веќе добил медицинска дозвола да учествува на Австралија Опен без да биде вакциниран, поради што најдобриот светски тенисер останува во земјата се до понеделник, за кога е закажано судското рочиште за жалбата на Новак за одбиената виза од австралиските власти.

Се вчитува...