Австралија Опен: Федерер падна во „костурот“ на Ѓоковиќ

Рафаел Надал по повторно имаше среќа во ждребот, откако Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер се паднаа во истиот дел од „костурот“ при денешното извлекување за Австралија Опен. Ова практично значи дека доколку не дојде до изненадувања, Федерер во полуфиналето би играл со Ѓоковиќ, додека Надал за потенцијален ривал во има четвртиот носител Данил Медведев.

Првиот носител Надал настапот во Мелбурн ќе го почне против Хуго Делиен од Боливија, а во осминафиналето би можел да налета на Ник Кирјос. Ѓоковиќ во првото коло ќе се сретне со Германецот Штруф, додека Федерер на стартот од овој гранслем турнир ќе ги одмери силите со Американецот Стив Џонсон.

Во женска конкуренција, Наоми Осака ќе ја почне одбраната на трофејот со меч против Мари Бузкова од Чешка, додека првата носителка Ешли Барти, ќе стартува со дуел против Украинката Цуренко.

Најинтересен меч во првото коло се очекува да биде дуелот меѓу 15-годишната Коко Гоф и ветеранката Венус Вилијамс, откако тинејџерката минатата година ја елиминираше повеќекратната шампионка при нивната пресметка на Вимблдон.

Се вчитува...