Австралија Опен го менува ставот за задолжително вакцинирање поради Новак Ѓоковиќ?

Раководството на Австралија Опен до неодамна говореше како само вакцинирани тенисери ќе можат да настапат на првиот Гренд слем турнир на сезоната, но сега директорот Крег Тајли изјави дека постои можност невакцинирани тенисери да добијат медициско отстапување од оваа одлука.

Тенисерите кои сакаат да бидат дел од Австралија Опен, а не се вакцинирани против коронавирус својот став ќе можат да го претстават пред комисија од три стручнаци. Лекар по имунологија, општа медицина и инфективни болести, а истата ќе ја сочинуваат членови од Одделението за здравство на државата Викторија.

„Работиме блиску во владата на Викторија со цел да поставиме фер и независни протоколи за медицинско остапување и да имаме турнир кој е безбеден и на кој сите ќе можат да уживаат. Процесот ќе го водат независни експерти и секој случај ќе биде поединечно разгледан“, изјави Тајли.

Ова ја менува и ситуацијата кај Новак Ѓоковиќ кој е пријавен за настап на Австралија Опен, но не се знае дали е вакциниран против коронавирусот, а не се отфрла и можноста раководството да подлежи под сериозен притисок за дозволна на настап на невакцинирани тенисери со цел да се задржи популарноста на турнирот.

Се вчитува...