„Австралија опен мора да пронајде план да ги заштити тенисерите“

Официјални лица од Министерството за здравје на Австралија, побараа од организаторите на првиот грен-слем во сезоната да направат стратегија која ќе овозможи мечевите да се одиграат на отворено.

„Тениската федерација на Австралија мора да пронајде начин да се избори со ситуацијата. Јас лично не можам да кажам што точно ќе се случува во дадена ситуација. Мора да размислат за решение за деновите кога воздухот ќе биде толку лош што ќе се смета за отровен. Мора да најдат начин да ги заштита тенисерите“, изјави министерот за здравје на Австралија.

Првиот ден од квалификациите на Австралија опен, поради загадениот воздух од пожарите кои ја зафатија Австралија, помина со предаден меч на Далила Јакуповиќ која поради проблеми со дишењето мораше да го заврши својот настап.

Се вчитува...