Австралија Опен се посиромашна кај дамите: Уште неколку звучни имиња откажаа

Американската тенисерка Џенифер Брејди поради повреда на стапалото, потврди дека нема да учествува во јануари на Австралија Опен, сето тоа го потврди и организаторот.

Брејди во минатото издание се избори за пласман во финалето и така го оствари најдобриот резултат во кариерата.

Таа поради тешка повреда не играше од турнирот во Синсинати, апотоа падна и на 81. позиција на ВТА листата.

Исто така поради повреди на Австралија Опен нема да се појават ни Каролина Плишкова, Венус Вилијамс и Бјанка Андреску.

Се вчитува...