Австралија остана без уште еден ас од НБА

Австралија беше најавувана како една од селекциите што би можеле да го искористат послабиот ростер на САД, но и самите „кенгури“ во меѓувреме се соочија со проблеми поради откази на клучните кошаркари. Најдобриот австралиски кошаркар, Бен Симонс, уште на самиот почеток од подготовките објави дека нема да учествува во СП во Кина, а на само 13 дена до почетокот на мундијалот сега на ист чекор се реши неговиот соиграч од Филаделфија, Џона Болден.

Тој тренираше со репрезентацијата се до вчера, кога ги шокираше стручниот штаб и соиграчите со одлуката да се врати назад во Филаделфија за да се посвети на подготовките за новата сезона.

„Секако дека сме разочарани секогаш кога некој играч нема да може да настапи за репрезентацијата. Овојпат и тајмингот не е најдобар, но во секој случај имаме доволно талентирани играчи за да се прикажеме во добро издание на шампионатот во Кина“ – истакна селекторот на селекцијата на Австралија, Андреј Леманис.

Се вчитува...