Австралија се мачеше, но успеа да ја совлада Доминиканска Република

Кошаркарите на Австралија со една нога се меѓу осумте најдобри на Светското првенство во Кина, откако во првиот меч од новоформираната Л група, ја совладаа Доминиканска Република со 82-76.

Фаворитите подобро го почнаа мечот, успеваа да погодат скоро од секоја позиција, а по десет минути игра заминаа со предност од 24-19. Во втората четвртина Доминиканска Република ги консолидираше своите редови и со одлична игра во одбраната успеа да го намали резултатот и на полувреме да се замине со само два поени предност за „кенгурите“ (40-38).

Добрата игра на Доминиканска Република продолжи и во третата четвртина каде во 35. минута по подолго време успеаја да стигна до израмнување (46-46). Бејнс доби втора техничка грешка, поради која беше исклучен. Селекторот на Австралија мораше да интервенира со тајм-аут, по кој неговите избраници заиграа подобро и до крајот на третиот период повторно стигнаа до предност од плус пет (57-52).

Во последната четвртина се разигра Пети Милс, што беше доволно Австралија да стигне и до четвртата победа на Мундобаскетот (82-76).

Милс со 19 поени беше најефикасен кај Австралијците, додека Гулдин уфрли 15. Кај Доминиканците се истакна Варгаз со 16 поени.

Се вчитува...