Австралија во трилер натпревар ги совлада Литванците

Репрезентацијата на Австралија ја совлада Литванија во дербито на денот на кошаркарското Светско првенство во Кина со 87-82.

Австралијицте подобро го отворија мечот и со одлична игра особено во нападот на полувреме заминаа со убедливи плус 12 (53-41). Во третата четвртина падна реализацијата на двете страни, игра што многу повеќе им одговараше на Литванците. Во последната четвртина „кенгурите“ пет минути не можеа да постигнат поен, а Литванците со серија од 11-0 го преземааа водството (71-68). До крајот на мечот се играше кош за кош, а во главна улога беше Пети Милс кој погоди тројка на 30 секунди до крајот на мечот за плус пет во тој момент. До крајот се изведуваа слободни за конечна победа на Австралијците од 87-83.

Милс со 23 поени беше најефикасен кај Австралијците, додека Бејнс уфрли 21. Кај Литванците најдобар поединец беше Григорис со 18 поени.

Се вчитува...