Австралиската тинејџерка Мина Атертон ги помести границите, историски пливачки рекорд на 100 метри грбно (ВИДЕО)

19-годишната Австралика Мина Атертон направи историски подвиг во Будимпешта на Интернационалната пливачка лига. Не само што постави нов светски рекорд на 100 метри грбно, туку стана првата жена која оваа делница ја испливала по 55 секунди.

Нејзиното време е 54.89 со што го поправи досегашното најдобро време во светот кое и припаѓаше на унгарската пливачка ѕвезда, Катинка хошу. Ова е прв светски рекорд поставен на натпревар од Интернационалнта пливачка лига.

„Навистина сум среќна, особено што ова ми побегна претходно за време на штафетата. Со нетрпение чекам да видам што ќе донесе иднината“ – изјави младата пливачка по историскиот подвиг.

Се вчитува...