Австрија и Хрватска во „битка“ за соиграчот на Адеми и Ристовски

И покрај тоа што пред неколку дена беше објавено дека играчот на Динамо Загреб, Роберт Љубичиќ одлучил во иднина да настапува за сенироската репрезентација на Хрватска, од Австрија доаѓаат информации дека таа селекција и натаму не се откажала од левоногиот фудбалер од средниот ред, и дека ќе води „битка“ до крај.

Љубичиќ е роден во Австрија, има хрватски корени, а има настапувано за младите селекции на двете земји. Сега може да бира за која репрезентација ќе игра.

Селекторот Ралф Рангник истакна дека Љубичиќ ќе се најде на неговиот список за престојните пријателски натпревари.

„Роберт и натаму не одлучил, претпоставувам дека уште малку ќе размисли за се. Тој знае дека ние сметаме на него и дека ќе го повикаме. Во Хрватска е голема конкуренцијата за лев бек, а јас го гледам како офанзивно крило во 3-5-2 формација. Поголеми му се шансите да игра на големи натпреварувања ако ја избере Австрија“, рече Рангник.

Се вчитува...