Австрија ја совлада Кореја, Бразил сигурен со Украина на стартот на женскиот ракометен Мундијал

Ракометарките на Австрија стигнаа до голема победа над Јужна Кореја од 29-30 на отворањето на Светското првенство кое од денеска се одржува во Норвешка, Данска и Шведска. Австријките одлично го отворија натпреварот и по првото полувреме имаа предност од плус четири 12-16. Јужна Кореја заигра подобро во вториот дел и успеа  на две минути до крајот да стигне до само минус еден (27-28). Сепак Австрија успеа да ја задржи оваа предност и да стигне до конечен триумф од 29-30. Катарина Панџа со седум гола беше најдобра кај Австрија, додека кај Корејките Риу постигна шест.

Во вториот меч од програмата од 18 часот на Бразил ја оправда фаворитската улога (35-20) против Украина која токму Македонија ја елиминираше во баражот за пласман на овој женски мундијал. Бруна де Паула и Мариана Кошта со по седум гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените четири постигна Тетијана Полјак.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...