Австрија минимално против Словенија, Израел убедлив со Летонија

Противниците на фудбалската репрезентација на Македонија во Евроквалификацискиот циклус, ги одиграа натпреварите од 3. коло.

Австрија стигна до првата победа во квалификациите откако со минимални 1-0, на домашен терен ја совлада Словенија. Херој за Австријците беше Гуидо Бургшталер во 74. минута.

Израел продолжува со одличните игри. По ремито со Словенија и победата над Австраја, Израелците го земаа скалпот и на аутсајдерот во групата Летонија, која ја совладаа со убедливи 0-3. Еран Захави со хет-три ги откажа Летонците.

На табелата Полска е прва со 9. бода, следи Израел со 7. И покрај поразот Македонија останува трета со 4. бода, а потоа следуваат Австрија, Словенија и Летонија.

Се вчитува...