Австрија се одмазди на Израел, Полска имаше лесен тренинг во Рига

Австрија го искористи поразот на Словенија во Скопје и „скокна“ на второто место во нашата квалификациска група, откако Австријците вечерва во интересен меч триумфираа над Израел со 3-1, одмаздувајќи му се на ривалот за поразот на гостински терен.

Израелците први поведоа со фантастичниот погодок на Захави, но домашната селекција успеа да се врати во мечот и преку Лазаро стигна до израмнување. Хинтерегер го комплетираше пресвртот на почетокот од второто полувреме, а пред самиот крај конечните 3-1 ги постави Сабицер.

Полска се задржа на првото место на табелата по рутинската победа од 0-3 на гостувањето против Летонија. Роберт Левандовски беше во главна улога постигнувајќи хет-трик за полскиот национален тим, кој в недела во Варшава ќе биде следен противник на Македонија во овој квалифиски циклус.

Се вчитува...