Австрија Виена се пофали со Филип Антовски (ФОТО)

Македонскиот младински репрезентативец Филип Антовски во новата сезона ќе го носи дресот на Австрија Виена откако австрискиот клуб денеска го официјализираше трансферот на 20-годишниот кумановец.

Левиот бек во Виена пристигнува од редовите на Динамо Загреб, а покрај позајмицата во Славија Софија броеше и настапи за Вардар. Антовски беше одиграл натпревар за новиот клуб, а по задоволување на критериумите тимот се одлучи да го стави потпис со Македонецот.

„Чест ми е да бидам дел од еден од најдобрите клубови во Австрија кој зад себе има многу богата историја и традиција. Ветувам дека ќе дадам се од себе на секоја минута помината на теренот за Австрија Виена. Пресреќен сум што ќе бидам дел од фамилијата Австрија“, вели Антовски.

Се вчитува...