Австријците гневни: „Арнаутовиќ е жртва, суспензија требаше да добие провокаторот Алиоски“

Австриската фудбалска федераци е бесна поради тоа што Марко Арнаутовиќ е казнет со еден натпревар не играње по инцидентот со Езгијан Алиоски кој го имаше на натпреварот против Македонија.

Тој доби еден меч суспензија поради пцовката „да ти ја еб*м мајката албанска“ која беше упатена кон Алиоски. Првиот човек на федерацијата Лео Виндтнер вели дека по „инцидентот“ казнет требал да биде „провокаторот Алиоски“, а не Арнаутовиќ.

„Јас не можам да разберам и тешко ми е да го разберам, како може провокаторот Алиоски да не биде казнет, а казна да добие само нашиот фудбалер Марко Арнаутовиќ“, вели Виндтнер. 

Тојдодава дека е изненаден од пријавата на ФФМ и дека и покрај суспензијата односот меѓу двете федерации не е нарушен.

„Пријавата од Македонија не изненади, затоа што после мечот двајцата фудбалери целата ситуација ја решија, разговараа, си подадоа рака. Јас разговарав со првиот човек Муамед Сејдини, ми честиташе за победата и ништо не најавуваше дека ќе не пријават. Односот со македонската федерација не е нарушен, а сето ова веќе е завршена работа. Сакаме сега само да се концентрираме на тоа што ни следи“, заврши Виндтнер. 

Се вчитува...