Автогол на Ристовски…, Динамо Загреб повторно во финишот се спасуваше од „бездната“ во Вараждин (ВИДЕО)

Продолжуваат очајните изданија на Динамо Загреб сезонава, и во денешното 14. коло од хрватската лига спасувајќи се од пораз со гол во 94. минута.

„Модрите“ минаа низ уште еден катастрофален меч на гостувањето против Вараждин во кој имаа негатива од 1-0 се до последните секунди од средба.

Негатива која беше донесена со автоголот на македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски во 54. минута.

Кога се чинеше дека Вараждин, во чии редови настапија репрезентативците Агон Елези и Димитар Митровски, ќе дојде до трите бода, нешто слично како и во претходното коло Динамо Загреб со голот на Емрели во 94. минута дојде до конечни 1-1.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во игра влезе во 59. минута од средбата.

Се вчитува...