Азар: Доаѓањето на Анчелоти ќе биде добро за мене

Репрезентативецот на Белгија, Еден Азар, пристигна во Мадрид летото 2019 година, но досега не успеа да го оправда она што се очекуваше од него. За неговите услуги, Реал Мадрид му плати на Челси неверојатни 115 милиони евра, а белгискиот напаѓач за возврат даде само пет гола на 43 одиграни натпревари.

Сепак, Азар искрено се надева дека работите ќе се променат за 360 степени со доаѓањето на Анчелоти во Кралскиот клуб.

„Тренерот Карло веќе ја освои Лигата на шампионите со овој тим и познава многу фудбалери. Знаеме дека овој клуб има многу искуство. Анчелоти го познава градот и навивачите. Мислам дека можеме заедно да постигнеме големи работи“, рече Азар.

Италијанскиот стручњак го презеде Мадрид оваа недела и ќе биде тренер на овој клуб во следните две години.

„Не го познавам лично, но слушнав за него дека тој е многу добра личност и дека само сака да победи, а сите го сакаме тоа. Ние имаме многу можности за соработка, неговото доаѓање во клубот е добра вест за мене “, додаде 30-годишниот белгиски репрезентативец за својот нов тренер.

Се вчитува...