Азар: Дојдовме да го освоиме трофејот, а јас одлучив за мојата иднина пред две седмици

Белгискиот интернационалец Еден Азар имаше сензационален настап за Челси во финалето на Лигата на Европа и го трасираше патот на „сините“ до трофејот со триумфот од 4-1 против Арсенал. Во својот последен меч за Челси тој постигна два гола и забележа една асистенција, а потоа и потврди дека пред две седмии донел одлука за својата иднина. За неколку дена треба да биде претставен како нов играч на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

„Дојдовме во Баку да го освоивме трофејот и драго ми е дека успеавме во тоа. Одигравме одлично финале, Челси е фантастичен тим кој ова дефинитивно го заслужи. Мислам дека ова е збогум, јас пред две седмици одлучив за мојата иднина и се ќе дознаете за неколку дена“, изјави Еден Азар по триумфот во финалето на Лигата на Европа.

Англиско финале ќе има и во Лигата на шампионите. В сабота, на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе се сретнат Ливерпул и Тотенхем.

Се вчитува...