Азар гледа кон „Сантијаго Бернабеу“, повторно одби нов договор од Челси

Еден Азар одново го одби Челси за потпишување на нов договор, Белгиецот наводно се согласил да се пресели во редовите на Реал Мадрид по крајот на оваа сезона. Едно француско радио „Монте карло“ тврди дека Азар одбил 15 милиони фунти годишна плата, со која би бил најплатен играч во Премиер – лигата.

Раководстовото на англискиот шампион уште од почетокот на оваа сезона се обидува да ја наговори својата „10-ка“ да ја обнови соработката со клубот, но по речиси пет ипол години носејќи го синиот дрес Азар смета дека е време за нов предизвик. Секако, познато е дека Зинедин Зидан е неговиот идол и не е тајна дека има желба да заигра под негово водство.

Знаејќи дека трансферите на Нејмар и Кутињо ги поместија границите на трансфер пазарот, доколку Челси се одлучи да преговара со клубот од Мадрид околу услугите на Азар, со сигурност ќе бараат повеќе од 100 милиони фунти.

Се вчитува...