Челси без Азар против Славија Прага?

Ѕвездата на Челси, Еден Азар поради замор може да го пропушти првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа, против Славија Прага, вели менаџерот на тимот од Лондон, Маурисио Сари. Белгиецот постигна три гола на претходните два натпревари, но поради дербито со Ливерпул во Премиер-лигата кое е закажано за викендов, Сари најверојатно ќе го поштеди во мечот со Славија Прага.

„Треба да ја донесам конечната одлука. На ум ќе го имам тоа што за три дена му гостуваме на Ливерпул“, изјави Сари. 

Менаџерот на тимот од „Стемфорд Бриџ“ беше на критика на јавноста поради лошите резултати кои го загрозија пласманот во Лигата на шампионите. Неодамна, Сари изјави дека трофеј во Лигата на Европа ќе му го подобри статусот во тимот.

„Мораме да бидеме компактни, да се браниме добро. Славија напаѓа со пет или шест фудбалери, опасни се во контранапади. Нема да биде лесно“, додаде Сари. 

Мечот меѓу Славија Прага и Челси на програмата е вечерва со почеток во 21 часот.

Се вчитува...