Азар и Диего Коста, и – Челси пак е на „плус 10“

Лидерот Челси успешно го мина гостувањето кај Вест Хем, совладувајќи го градскиот ривал со 1-2, со головите на Еден Азар и на Диего Коста. „Сините“ сега повторно имаат десет бода предност пред второпласираниот Тотенхем на врвот на табелата во Премиер – лигата.

Челси поведе во 25.минута, кога Еден Азар успеа да ја надмудри одбраната на Вест Хем и го совлада Рандолф. На почетокот на вториот дел, Диего Коста зголеми на 0-2, по што беше јасно дека гостите се на прагот да ги освојат трите бода. Ланзини во судиското продолжение го постигна почесниот погодок за „чеканите“ на овој меч.

0-1 Eden Hazard Goal 06.03.2017 HD by dailyfootballkickDiego Costa Goal HD – West Ham 0-2 Chelsea 06… by Football–LiveManuel Lanzini Goal HD – West Ham 1-2 Chelsea… by riqezi

Се вчитува...