Азар: Имаме добра комуникација, одиме да ја победиме Хрватска

Белгискиот репрезентативец Еден Азар, на прес-конференција ги демантираше шпекулациите дека во соблекувалната на „црвените ѓаволи“ имало тепачка и караница на повисок тон меѓу неколку фудбалери.

Крилниот играч кажа дека не се случило ништо големо, и дека имало добра комуникација.

„Што се случи после мечот со Мароко? Ништо големо. Имаме многу добра комуникација меѓу фудбалерите. Многу работи беа кажани. Сега сакаме да ја победиме Хрватска, и имаме два дена да се подготвиме. Мораме да бидеме максимално подготвени“, рече Азар.

Се вчитува...