„Азар ме изненади, тој е опседнат за успех со Реал Мадрид“

Еден Азар го исполни својот сон и стана шампион на Европа со Реал Мадрид, а на церемонијата им вети на навивачите дека во следната сезона ќе го добијат најдоброто од него. Тој веќе работи на случајот, а за тоа потврда даде и селекторот на белгиската репрезентација.

Имено, Роберто Мартинез изјави дека Азар го изненадил со физичката подготвеност и дека е опседант за успех со Реал Мадрид.

„Еден Азар е во најдобрата форма во својата кариера. Бев изненаден со неговата ментална и физичка подготвеност во јуни. Навивачите на Реал Мадрид ќе видат еден потполно друг Еден во следната сезона. Тој е опседнат за успех со Реал“, изјави Мартинез.

Белгиецот пристигна во Реал Мадрид во 2019 година од Челси за 115 милиони евра, но постојаните повреди го спречија да го покаже својот полн сјај и да ја преслика играта од Англија во Шпанија.

Се вчитува...