Белгискиот интернационалец Еден Азар вечерва во Баку можеби ќе го одигра и последниот меч во дресот на Челси, пред најавеното заминување во Реал Мадрид. Тимот од „Стемфорд бриџ“ ќе игра англиско финале во Лига Европа против Арсенал, а Азар посакува разделба со трофеј.
„Мојот прв пехар со Челси го освоив во Лигата на Европа. Нека биде и последниот, ако ова навистина е последен меч за мене во клубот. Но, и тоа не е сигурно. Едно знам, дека секој сака да победи финале, било да е во Лигата на шампионите, Лигата на Европа или во англискиот Лига – куп. Дојдовме во Баку со силна желба да победиме и се надевам дека ќе го заслужиме тоа со играта на теренот. Противникот Арсенал ни е добро познат и не е непобедлив. Сега размислувам само за фудбалот, а после финалето ќе разговараме за трансфер“, изјави Еден Азар.
Финалниот меч во Лигата на Европа меѓу Челси и Арсенал ќе се одигра вечерва во 21 часот на Олимпискиот стадион во Баку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА