Азар: Не ме споредувајте со Меси, тој е далеку пред сите останати…

Еден Азар ќе биде главен адут на Реал Мадрид во битките со Барселона почнувајќи од следната година, но за разлика од Кристијано Роналдо белгискиот ас јасно стави до знаење дека на овие дуели нема да гледа како на неговите битки со Лионел Меси. Затоа што според Азар, нема никаква дилема дека Меси е најдобар фудбалер во светот.

„Едно сакам однапред да биде јасно, не сакам да ме споредуваат со Меси. Затоа што тоа е невозможно, тој е непосредлив, далеку пред сите останати во светот на фудбалот. Точно е, имаме сличности, двајцата сме ниски и сме многу брзо. Но клучната разлика е дека тој дава гол на секој натпревар, а јас не го правам тоа. Веќе го имам кажано мојот став, во историјата на фудбалот нема двајца најдобри, туку само еден – Лео Меси“ – истакна Азар.

Белгиецот ќе настапи за Белгија на денешниот натпревар против Казахстан, по што до крајот на оваа седмица би требало и официјално да биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...