Азербејџан купил млад германски репрезентативец за еден милион евра?!

Фудбалската федерација на Германија покрена истрага за одлуката на 17-годишниот Ренат Дадашов, кој реши во иднина да настапува за репрезентацијата на Азербејџан. Младинскиот репрезентативец на Германија, наводно добил еден милион евра од Азербејџан за да се одлучи да настапува за селекцијата на оваа земја.

„Тој одлучи да го промени спортското државјанство откако во Азербејџан му се исплатени еден милион евра“, открива германскиот „Билд“.

Дадашов е 17-годишен напаѓач кој настапува за младинскиот тим на Ајнтрахт Франкфурт. Тој роден во германскиот Рудешајм, но има корени од Азербејџан.

„Ренат Дадашов е многу квалитетен млад фудбалер, но јас не верувам дека му се понудени пари за да игра за нивната репрезентација“, изјави селекторот на Германија, Јоаким Лев.

Германија синоќа го совлада Азербејџан со 1-4 во квалификациите за СП 2018 во Русија.

Се вчитува...