Азербејџански Сабах првпат во историјата ќе игра во Лигата на шампионите… (ВИДЕО)

Фудбалерите на азербејџански Сабах го елиминираа Хапоел Бер Шева во плејофот од Лигата на шампионите, и за првпат во својата историја ќе играат во групната фаза од ЛШ.

Израелскиот шампион, кој ја нокаутира Црвена Звезда едно коло претходно, беше многу блиску до пласман во елитата, но прими гол во последната минута од регуларниот дел од реваншот, а потоа загуби по продолженијата со 5-2 (вкупно 6-4 од двата меча).

Пред седум дена, Хапоел победи со 2-1 на „својот“ терен во Букурешт, а во реваншот двапати имаше предност.

Сабах ќе игра во Лигата на шампионите за прв пат во историјата, европско натпреварување воопшто, додека Хапоел Бер Шева ќе мора да се задоволи со Лигата на Европа.

Се вчитува...