„Аѕурите“ се ’коцкаа’ со Грузија, Грците лесно против Полска

Кошаркарската репрезентација на Италија славеше минимално против Грузија со 71-69 во возбудлив меч што се одигра во Тел Авив, во рамките на петтото коло од групата Б на Евробаскет. Избраниците на Еторе Месина доминираа во најголемиот тек од мечот, имаа предност и до 19 поени разлика, но се опуштија, па во финишот дури и дозволија на Грузија и да поведе. Сепак, на крајот беа поконцентрирани и успеаја да стигнат до триумф.

Марко Белинели со 15 поени ги предводеше „аѕурите“ на овој натпревар, а Датоме уфрли 14.

Грција беше убедлива против Полска и славеше со 95-77. Костас Слукас со 26 поени беше прво име во победничката селекција.

Се вчитува...