Бабакар со евро-гол донесе бод за Фиорентина во Џенова

Фиорентина дојде до бод, ремизирајќи 2-2 на гостувањето против Сампдорија во Џенова, во 31. коло од Серија А, благодарение на погодокот на Бабакар во 89. минута од натпреварот.

Фиорентина беше пред пораз, но Бабакар со прекрасен шут од 18 метри донесе израмнување и бод…

Khouma Babacar Goal HD – Sampdoria 2-2… by Euro2016

Претходно, Сампдорија имаше водство со головите на Фернандез и Алварез, а првиот погодок за тимот од Фиренца го постигна Родригез. Фиорентина со 53 бода остана на осмата позицијата на табелата, со еден бод заостанување зад Милан, и два зад шестопласираниот Интер.

Се вчитува...