Бабиќ: Донесовме трофеј во Битола!

Жељко Бабиќ има причина за задоволство откако Еурофарм Пелистер целосно го надигра Вардар во второто полувреме од Суперкупот на Македонија и со убедлива победа од 31-22 се закити со трофејот во ова натпреварување.

Хрватскиот стратег ја доби првата битка со Веселин Вујовиќ, најавувајќи дека Еурофарм Пелистер е подготвен да го симне Вардар од тронот на македонскиот ракомет.

„Добро го искористивме отсуството на низата играчи од Вардар и секако дека поголемата ротација го одлучи победникот. Имавме и добри голмани. Одигравме во доста висок ритам. На сите ни беше сон да дојдеме до титула, можам да кажам дека ја исполнив едната своја мисија, да освоиме еден трофеј за нашата Битола“, истакна Бабиќ.

Се вчитува...