Бабиќ: Мешков Брест е најсилниот противник кој дошол во Битола…, верувам дека можеме до добар резултат

Еурофарм Пелистер по шестнаесет години стигна до трофеј оваа сезона откако го совлада Вардар во Суперкупот на Македонија, а „зелено-белите“ во потрага по вториот ќе се сретнат со Мешков Брест во четвртфиналето од СЕХА лигата, натпревар кој ќе биде одигран во сабота со почеток од 20 часот и 15 минути.

Еден од оние кои има искуство кога е во прашање белорускиот првак е тренерот Жељко Бабиќ кој во пресрет на мечот имаше пофални зборови за клубот кој го предводеше од 2013 до 2015 година.

„Мешков Брест е многу добар противник, кој минатата сезона беше четвртфиналист во Лигата на шампионите. Во последно време има голем европски раст, победува големи европски натпревари и во последно време веројатно е најсилниот противник кој дошол во Битола. Ни следи еден голем предизвик, голема радост за сите нас. Спремни сме и желни да се натпреваруваме и верувам дека можеме до добар резултат без обзир што се тим од Лигата на шампионите и имаат силен тим“, смета Хрватот.

Хрватскиот стратег вели дека трофејот од Суперкупот ќе биде двигател на оваа екипа, но сепак Пелистер сеуште се напоѓа во раната фаза од сезоната и има доста место за напредување.

„Освоениот Суперкуп сигурно многу значи за самодовербата. Секако дека сите сме среќни, задоволни и горди. Сепак, познато е дека во спортот минатото не се брои. Нашата форма уште не е одлична, уште е припремен период, работите паралелно на физичка и тактичка припрема. Се виде на турнирот во Струга дека правиме многу технички грешки кои ние не ги правиме. Не сум загрижен, верувам во своите играчи, верувам во нашата работа и уверен сум дека ќе имаме многу добра сезона без разлика на исходот од натпреварот против Мешков Брест. Ни следи многу добра сезона и секако дека се надевам на уште некој трофеј“, заврши Бабиќ.

Се вчитува...