Бабунски: Не е важно кој ќе ни се падне во ЛЕ, за секој противник мора да има респект

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Бобан Бабунски од подготовките во Зрече, Словенија порачува дека апсолутно не е важно кој противник ќе го добијат „црвено-црните“ во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа.

Вардар ја има носителската улога пред ждрепката, и со тоа полесен можен противник, но Бабунски вели дека за секој противник мора да има максимална почит…

„Немам некоја посебна желба во ждрепката, имам најголем респект за било кој противник. Сакам и играчите така да го разберат. Мора да ги респектираме, затоа што во последно време се изедначува квалитетот на фудбалот, сите тренираат на високо професионално ниво, сите информации се достапни за секој тим. Секој противник е прилично силен, и сакаме да го прифатиме најсериозно што е можно и што подобро да се подготвиме“ – вели Бабунски.

Ждрепката за 1. квалификациско коло за Лигата на Европа е утре од 13 часот во Нион.

Се вчитува...