Бабунски: Вардар ќе има тешка задача во Ереван

Македонскиот вицепрвак Вардар утре во Ереван (16 часот) ќе го игра првиот меч од воведното коло во квалификациите за Лигата на Европа против Пјуник. „Црвено-црните“ го одржаа официјалникот тренинг во Ерменија, а тренерот Бобан Бабунски на прес – конференција истакна дека неговиот тим ќе има тешка задача против ерменскиот тим.

„Имаме добри информации за екипата на Пјуник. Имаат неколку нови играчи и знаеме дека на секоја позиција поседуваат квалитетни играчи. Исто така имаат и искусни фудбалери кои играле многу вакви натпревари. Играат цврсто во одбраната и не очекува тешка задача тука во Ереван. Влегуваме со максимален респект кон нашиот противник и кон многу од нивни играчи. Но, ние сакаме да ја форсираме нашата офанзивна игра. Имавме одлични подготовки изминатиот период. Имаме неколку нови играчи кои одлично се вклопија. Се надевам дека играчите ќе ја покажат својата желба за победа. Минатата сезона беше првпат наша екипа да игра во групната фаза од едно европско натпреварување, и нормално дека посакуваме да го повториме тој успех. Никогаш не се знае. Секогаш постојат изненадувања, и постојат екипи кои што во секој момент можат да покажат квалитет и да направат успех во Европа“, изјави Бобан Бабунски.

Вардар важи за фаворит во двомечот со Пјуник, со оглед дека минатата сезона играше во групната фаза од второто по ранг европско натпреварување.

Се вчитува...