Бадел 1892 го доби прволигашкото дерби против Работнички

Дербито на првото коло во Првата женска кошаркарска лига во групата „Запад“ му припадна на тимот на Бадел 1892 кој славеше над Работнички со 64-40.

Домашниот состав стекна предност од девет поени во првата четвртина (18-9), по што следеше консолидирање во редовите на гостинскиот состав. Кошаркарките на Работнички до полувремето заиграа подобро, но успеаја да само да ја намалат предноста за еден посед (30-23).

Избраничките на Перо Стамески продолжија со добрата игра и во второто полувреме, до крајот на третата четвртина стигнаа и до предност од +19 поени (39-20) со што го осигураа триумфот во првиот натпревар оваа сезона.

Цветанка Димова со 21 поен, Марија Димитријевиќ  со 18 поени и Сања Адамовска со 12 поени беа првите стрелци во домашниот состав. Кај гостинскиот состав на Амди Муса по 10 поени постигнаа  Кристина Тодевска и Драгана Петковска.

Се вчитува...